• contact@preporod.mk
  • 078 409 993
  • 072 622 477

ЗА ПРЕПОРОД НА ЖИВОТОТ

Ослободување на телото од болки и потешкотии

Здружението на граѓани ПРЕПОРОД НА ЖИВОТОТ, со седиште во Струга и со цел да се отворат повеќе органоци низ поголемите градови во Македонија. Здружението е основано од г-дин Ристе Чуркоски атласолог со намера луѓето на лесен и едноставен начин да се излечат од болести и здравствени потешкотии. Меѓународното име на мисијата Препород е HumanUP оздравување на човекот и подигнување на човештвото.

Проф. др Рајнер Зајбел, еден од водечките експерти за 'рбетот на планетата, во својата морфолошка студија Нашата глава е исчашена (2010) докажува дека првиот пршлен под черепот, атласот е изместен кај најголем дел од популацијата во светот. Повеќе од 100 години пред него, основачот на модерната киропрактика Даниел Палмер забележал дека поместениот атлас од неговата прецизна анатомска позиција ги предизвикува речиси сите болести и тешкотии, но тој не пронашол начин првиот пршлен да го врати на место. Тој знаел дека така се постигнува подобра комуникација на мозокот со телото и подобра циркулација на крв, а со тоа и подобра регенерација на целиот организам, но не знаел како да ја помести рамната коска под черепот. Сто години подоцна Швајцарецот Рене Шимперли сватил дека атласот не треба да се допре, доволно е со масажа да се релаксираат лигаментите на задиот дел, па атласот и черепот ќе се склопат како што треба и ќе го ослободат притисокот на нервите, крвните и лимфните патишта.

г-дин. Рене Шимперли е творецот на методата Атласпрофилах а господинот Предраг Ѓорѓевиќ ја доусовршил истата метода и ја патентирал методата HumanUP.

Името Препород методата (HumanUp) го добила затоа што многу од луѓето кои биле на третман после извесен период кажале дека се чувствуваат како препородени.

ПАТОТ ДО ЗДРАВЈЕТО

Пред да се одлучете за HumanUP метода потребно е да се знае како ќе се добие многу подобро здравје и излекување. Тоа е сосема нов пристап во решавањето на здравствените проблеми и болести. Ова е ново, но конечното решение, со кое се елиминира причината на болестите. Ние го спречуваме почетокот на проблемите, за разлика од сите останати лекувања кои го третираат крајот на лозите процеси во телото. Со помош на овај сајт, со јавување на телефонските броеви или контактирање по маил детално ќе се запознаете со нашите активности, но најдобро е да дојдете во некои од нашите ограноци во Македонија и регионот. Па откако ќе го провериме вашиот 'рбет, подетално ќе разговараме во врска со вашето здравје. Првата средба е бесплатна, кога и ќе ви се покаже како се врши масажа и ќе слушнете и погледнете искуствата на луѓе кои се ослободени од болести и потешкотии.

Веќе десетина илјади години проблемите со здравјето почнуваат од задниот дел на главата и со текот на животот тие се симнуваат низ телото. Луѓето се обидувале со масажа на тилот да ги елиминираат болките, но се до сега не сватиле дека првиот пршлен под главата им е изместени и дека тука е почетокот на скоро сите здравствени проблеми.

Сега конечно е пронајден начин како само со една масажа во животот првиот пршлен да се врати на неговото анатомско место. Кога ќе дојдете на масажа, пополнувате пристапница во нашето здружение и плаќате чланарина и после тоа местењето и држењето на првиот пршлен во правилната положба е бесплатно. Откако ќе го пополните прашалникот за вашата здравствена состојба, ние ќе го прегледаме ‘рбетот и ќе утврдиме колку е изместен првиот пршлен.

HumanUP методата се изведува во опуштена седечка позиција, со помош на масажер кој со ситни вибрации ги масира лигаментите кои го држат првиот пршлен на лошо место. Масажата кај бебиња и деца трае десетина секунди, а кај возрасни околу 1 минута. Со прегледот после третманот ќе утврдиме дали вашиот пршлен е наместен, а тоа и сами ќе го почувствувате. Од тој момент почнуваат олеснувања во организмот, а процесите на излекувања понатака во животот зависат од возраста, состојбата на организмот и природата на болестите.

Месец дена после масажата, возрасните лица доаѓаат да им се заврши масажата и тогаш разговараме околу подобрувањата или за можните реакции, кои се знак дека во организмот се случуваат процеси на самоизлекување.

Добре дојдовте во Здруженитео на граѓани ПРЕПОРОД НА ЖИВОТОТ.

Ристе Чуркоски - како јас станав Атласолог

- Мојата прикаска е поразлична од оние на г-дин Рене Шимперли творецот на атласпрофилах методата и г-дин Предраг Ѓорѓевиќ творецот на HumanUp методата. И едниот и другиот имале големи здравствени проблеми предизвикани од изместен атлас, здравјето си го повратиле со местење на атласот.

Јас важам за здрав човек и цел живот се занимавам со спорт, во младоста бев врвен спортист и репрезентативец на Југославија во кајак на мирни води

Мој близок пријател кон крајот на летото 2011 година воодушевено ми раскажа за неговото искуство и подобрувањата кои му се случиле после краток период од местењето на Атласот, како и за многу од вас зборот атлас го поврзував само со поимите по географија и историја. Не знаев дека првиот пршлен на вратот го носи името Атлас. Од кажаното и пребарувањето по интернет дојдов до заклучок дека сето тоа има логика и ако е нешто пртиснато нормално е да создава проблеми. Бидеќи ја почитувам превентивата без многу да размислувам си реков: лечењето е кога ќе дојде до него 10 пати поскапо. Мојата одлука им ја кажав на жена ми и на моите две ќерки, кои ме подржаа и посакаа и тие да одиме заедно и имавме фамилијарно местење на атласот. Никој од нас немаше здравствени проблеми или потешкотии, не сме оделе по болници, не сме земале лекарсва и лекови а сепак сме имале по нешто што ни создава одредени потешкотии. На третман бевме декември 2011 година. Во оваа прилика јас ќе кажам само за моето искуство по местењето на Атласот. Прашалникот кој се пополнува пред местење на Атласот кој се однесува за здравствената состојба го предадов празен бидеќи мислев дека тоа го правам превентивно. Г-динот Предраг Ѓорѓевиќ беше човекот (атласологот) кој го донесе мојот Атлас во неговата анатомска позиција, што сега ми претставува чест и големо задоволство. Одма после третманот, не повеќе од 15 мин. осетив како поубаво и полесно дишам. Ни на крај памет не ми беше дека со оваа терапија ќе се ослободам од долгогодишната болка која веќе стана и хронична на ахиловата тетива (десната нога), тоа ми беше спортска повреда која години наназад ја третирав на сите можни начини разни масти, физикални терапии но без резултат. Јас два дена после третманот како и секој ден отидов на тренинг и трчав не како пред пет години, трчав како пред 25 години, без болка во тетивата, многу енергија и подобро дишење. Не ми се веруваше дека тоа ми се случува па реков да не е некоја сугестија. Од тогаш до ден денес проблемот со тетивата го немам, не била никаква сугестија. Исто така приметив и дека моториката ми се подобри и слободно можам да кажам дека сега на 55 години функционирам многу подобро отколку пред 6 години. Покрај ова исто така приметив дека сум многу посмирен, стресните ситуации немаат на мене влиание како порано, едноставно се чувствувам навистина феноменално. Од сите превентивни работи што сум ги практикувал местењето на атласот е нешто од бога дадено и топло препорачувам независно дали сте здрав, болен, млад или стар терапијата е безопасна, безболна, не е ризична, единствено што може да изгубите е болките и болестите, а тие што имаат добро здравје такво да си го сочуваат долги години и без никакви таблети. Тоа е моето искуство а искуството од моја фамилија и пријатели, роднини кај кои исто така имаше многу здравствени подобрувања и излекувања е причината што одлучив во 2013 година да одам на обука за Атласолог.

Едноставно сакам на луѓето да им помогнам да го најдат пократкиот, поевтиниот, побезболен пат до здравјето.