• contact@preporod.mk
  • 078 409 993
  • 072 622 477

ИСКУСТВА ПОСЛЕ ТРЕТМАН

 

- Атанас Н. 35г - Олимпиец и професионален спортист (кајкакар на диви води)

Во мојата спортска кариера имам пробано секаков тип на терапии заради проблеми со кичманта и коленото, за кое веќе бев подготвен и за операција. Но по запознавањето со техниката за местење на “Атласот” и секакви искуства од луѓе кои имале слични проблеми со моите, одлучив да пробам и јас.

Откако ја направив првата терапија осетив огромна разлика. Уште првата вечер осетив, расположеност и голема желба за тренинг. Бидеќи во последните година, две имав проблеми со вратот и вртоглавица кои после три дена ги снема, во коленото веќе ја немаше болката и слободно трчам.

Најголемата разлика ја осетив при седнување во кајакот имено, осетив страшна болка во колкот што претходно ја немав и се зачудив, по помала анализа се сетив дека е можеби од терапијата на “Атласот” со што крлицата се вратила во права форма односно таму каде што треба да биде. Кога ги наместив пречките за ставање на нозете видов дека дотогаш сум возел со две различни пречки односно со два сантиметри разлика од едната до другата нога. Затоа му ја препорачувам оваа терапија на секого.

- Жаклина С. 48г

После еден месец многу се намалија болките во левата рака и левата нога. Скоро ми се подобри циркулацијата немам вртоглавици. Подобро спијам и станувам одморена и со енергија. Повеќе немам тахикардија и не чувствувам умор. Благодарение на овај зафат можам да го движам вратот без проблем и немам потреба од масажа. Со еден збор се препородив, како нова личност без болки го живеам секој ден Голема Благодарност

- Александра И. 39г - Битола

За местење на атласот се одлучив поради јаките мигренозни болки кои ги имав од мојата петнаесетта година. Сега после еден месец се чувствувам буквално како препородена. Болките кои кај мене беа чести, ако не секој ден тогаш секој втор ден бев со јаки апчиња и инфузии. Сега во овај месец добив само два пати блага болка која помина сама од себе без апчиња бидеќи беше поднослива.

Имам многу повеќе енергија, сила и можам да се движам и работам без да чувствувам умор. И спиењето многу ми се подобри како и високиот притисок што го имав исчезна. Болките во колената исчезнаа а и драстично се намали и болката во половината.

Помина само еден месец , а јас се чувствувам многу подобро. Расположението ми се подобри... сега многу почесто се смеам и си иргам со моите две дечиња. Искрено му препорачувам на секој кој има било какви болки, да не се двоуми и да си го направи атласот. Ако дејствува кај мене... ке дејствува кај секого. Промената е огромна.

Голема благодарност до Ристо Чуркоски.

- Радмила Ц. 53г

После првиот третман на атласот:

  • Болките во вратот исчезнаа
  • Отокот меѓу рамењата, на коренот на вратот видно се намали
  • Болките во опашката престанаа
  • Болката на десната страна на глутеосот исто така престана
  • Го држам телото поисправено
  • Можам да ја вртам главата лево и десно без никакви проблеми

- Зоран А.

Пред да го наместам атласот имав пад на глава пред 18 години и повреда на 7-ми от пршлен. Немав болки никакви но превентивно сакав да го наместам атласот. После самото местење главата можев максимално да ја вртам во лево и десно, и осетив како плуќата да ми се отвори и градите максимално да се полнат со воздух. Во првите 3 дена имав загреани вратни пршлени а после тоа наредните 3-4 дена останатите пршлени т.е. цел ‘рбетен столб го осетив загреан.
Од првиот ден почнав да спијам на 1 перниче а пред тоа на 3. Се осеќам главата како да ми е исправена.
Осетив како да имам повеќе енергија и многу по позитивно се осеќам.

- Ајрадин З. - Кичево

Пред третманот имав болки во рацете, колковите, вратот, имав тешкотии при одење. Откако ја направив терапијата имам подобрување при движење, рацете ми се подобро, многу важно е да се каже за носот, пред терапијата носот ми бесе затнат откако ја направив терапијата носот ми се пушти и слободно дишам, многу лесно се осеќам, спијам многу подобро од порано.

- Драгица И.

Благодарение на методата се осеќам повеќе од добро после 4 месеци од местењето на атласот. Оваа ми е втора контрола подобрена ми е циркулацијата болките во колковите и ми исчезнаа и потполно сонот ми се подобри, болките во кичмата ми исчезнаа од сето мое искуство го носам и заклучокот дека методата е совршена и му ја препорачувам на сите луѓе да ја искористат оваа ретка придобивка благодарение на практиката и почит на методата и господионот Ристе.

Голема Благодарност

- Жана Ч. 47г - Битола

Преголема Благодарност за господинот Ристе

Првиот преглед беше на 27.05 2016 проблеми со мигрена; здрвена цела десна страна глава рака; половина; колк по цела нога; зглоб и прсти од нога; висок тироксин 5.85; со терапија една таблета на ден еутирокс.

За еден месец болките во колкот намалени за 90% о цела десна страна, тироксинот од 5.85 во фебруар, 5.25 во април со првото местење на атласот тироксинот паѓа на 1.25, вртоглавици немам од првата контрола.

- Симона С. 26г

После месец од местењето на атласот се чувствувам ОДЛИЧНО !!!

Иако имам 26г. Сите проблеми со главоболки нервозни црева, болки во вратот, зглобовите и потење исчезнаа.

Навистина секој ден се чувствувам се подобро.
Само уште да почнам да пијам по 2 литри вода на ден =)
Огромна Благодарност

- Виолета Ј. 50г - Битола

Можам да речам едно големо “Благодарам” до г-н Ристе. Почнав да живеам како нормална мајка и баба и да ги исполнувам семејните обврски.

Наутро можам да ги соблечам сама пижамите и ако ми падне предмет да го земам.

Болките во пределот на кичмата ми исчезнаа. Апчињата отидоа во канта. Сега сум навистина “ПРЕПОРОДЕНА”.

- Александар Ј. - Струга

После година ипол после третманот се осеќам подобро, направив контрола на крвната слика овие денови и тироида све ми е супер, резултатите се како кај малдич од 20 години а јас имам 62. Бекеровата циста на левата нога потполно исчезна. Се чувствувам одлично како дечко од 20 години, имам и повеќе енергија и многу сум повитален 11.07 2016

- Васе С. - Прилеп

Атласот го наместив на 27.02 2016, Пред тоа проблеми со мигрена, невралгија. Болките се намалија, невралгијата се повлече, се чувствувам здраво. Некои стари болести ми се вратија, како алергија, низок притисок, кои за неколку дена се повлекоја. Благодарност до господинот Ристо.

- Елизабета Т. 1967 - Битола

Пред еден месец имав болки во вратот најповеќе во левата страна неможев вратот да го свртам (се вртев со си рамена). По местењето на атласот веднаш осетив подобрување, главата ја свртив налево без да ги вртам рамениците. Имам подобрување и во желудникот повеќе немам болки во колената и посвежо се осеќам, порелаксирано и посреќно. Притисокот е во ред а што е најважно мирно спијам и покретите во спиењето не ги осекам како пред местењето. Се вртам од една на друга страна без болки. Голема Благодарност до Ристе.

- Роска Д. 30г - Кавадарци

Имам 30 години атласот го местев на 16.06 2016 првите 2 недели имав неверојатна енергија, болките во рацете, вратот и грбот исчезнаа, држењето на телото ми се подобри и сега се движам многу поисправено. После тие 2 недели повторно ми се вратија вртоглавиците и ми се намали концентрацијата постојано имав потреба од сон ми се случуваше тоа чувство да го имам и два три дена по ред, притисокот ми се нормализира и енергијата ми се врати. Движењето нагло ми се промени на подобро - чекорам поисправено и побрзо. Претходно воопшто ништо не можев да работам со рацете а сега се можам да работам со нив. Голема Благодарност до г-дин Ристе Чуркоски во подобрувањето на мојата состојба. Како да ме допре со магиќно стапче и проблемите и болките ги снема. Господ здравје да му даде на Ристо, да може да му помогне на многу луѓе да оздрават. Би сакала секој човек да може да го направи Атласот и да ги почувствува благодетите од тоа. Верувајте ќе се Преродите!

- Борислав П. - Скопје

На 08.06 2016 бев "пациент" на г-дин Ристе. Пред 46години имав сообраќајка при што имав повреда на главата, десна рака и нога (излетав од колата). Имав проблем со вратот дневно го крцкав 50-тина пати. Од денот на местењето на атласот до денеска таа навика ја снема. Кичмениот столб ми се отпушти а десната нога во која осеќав "мравки" - трпки почна да ме боли и да се вжествува како да има греач во неа мислам дека е тоа реакција која е неминовна по ослободувањето од пресијата која ја трпев до сега. Благодарам на г-дин Ристе.

- Ели Д. 1974 - Скопје

Се решив да го наместам атласот како последно решение за решавање на мигрените покрај тоа ме мачеа вртоглавици, проблеми со желудник, постојан умор, реакции на промена на време. После еден месец можам да се пофалам дека немам мигрена, многу ретко вртоглавица и намалување на реакциите на промена на време. Се чувствувам посвежо и со повеќе енергија.

- Елена И. 30г - Битола

Пред третманот имав многу болна менструација и страшно болни синуси. После третманот не се имам напиено ниту едно апче за болка воопшто. наутро станувам наспана што претходно не беше така. Бев изнеможтена уште од самото утро. Спиењето ми е поефикасно. Болката во пределот на колкот и коленото ми е намалена. Се надевам на уште подобрувања во наредниот период.

- Душан З. - Струга

01.11 2015 - местење на атлас Пред местење на атласот имав здравствени проблеми со кичмата и левиот колк односно при пешачење ми се замараше и болеше левата нога. После местењето на атласот први реакции на подобрување осетив одма после првите денови: Ставата ми се исправи и одам потполно исправен, болките во колкот се намалени и слободно газам со левата нога и не се заморувам, видот ми се подобри, хемороидите ми се повлекоа, кичмата полека ми се стабилизира, во секој случај од ден на ден осеќам подобрување на здравјето односно заморот не го осеќам како порано. Голема Блгодарност.

- Благоја Т. 65г - с.Горенци

Параплегичар сум 35години кој доста пропатил во животот и третиран со физикални и доста оперативни зафати(дваесет), по подолго време решив да се подвргнам на атлас терапија. После месец дена осеќам доста промени, појава на чувство на мравки на наизменични места на нозете, затоплување на кичмата во долниот дел, киселините кој што ги имав ги немам, многу полесно ми е движењето: качување и слегување на количка, исто така слегување и качување од количка во автомобил и од автомобил во количка.

- Стефан Д. 57г - Велес

Атласот ми е наместен пред 4 месеци, до денес најзначајна промена забележав кај долната вилица. Која беше вовлечена кон назад т.е имав длабок загриз и предните заби од долната вилица беа зад предните заби од горната вилица. Денес истите се порамнети, загризот ми е подобар.
Имав проблеми, укоченост на 'рбетот во делот помеѓу плешките. Денес тој проблем едноставно го нема. Имам многу полесен чекор и заморот од движење е значително намален, во меѓу време значително ја намалив и прекумерната тежина и во овај момент имам ското идеална тежина. Сето тоа благодарение на методата HumanUP, местење на атласот на негова анатомска позиција.

- Васко Г. 35г - Демир Хисар

Пред третманот на атласот имав неподносливи болки во кичмата, во медицината беше констатирана дикусхернија на втор и трет пршлен лумален дел, имав здрвување на левата нога, неможев да се движам, клекнувам и станувам, не можев да ги правам едноставните работи во секојдневниот живот. Закажав и оперативен зафат (операција) на кичмата. Но претходно разбрав за г-динот Ристо, дојдов се консултирав со него и го направивме третманот, местење на атласот. После тоа се чувствувам многу подобро од претходно. Сите тие болки исчезнуваат, се чувствувам многу подобар после третман се јави поголема енергија и воља за живот. Му препорачувам на секој кој ги има истите проблеми да го направи овај третман.
Со Почит.

- Даниела К.

Јас мајка на две малолетни деца немаше каде не се обратив но помошта ја најдов токму тука. Девојчето ми е година ипол со дијабет, шеќерот и идеше до 30 постојано имаше висока гликемија, јаки главоболки болки во стомакот. Првото утро по местењето на атласот шеќерот и беше 5,9, главоболките почнаа да се намалуваат. Резултатите почнаа веднаш да се гледаат. Истите позитивни резултати ги имаше и кај синчето. Тој е дете во пубертет кој постојано плачеше и се изолира од околината, но сега е сосема нешто друго. Детето се врати на правиот пат, весел е, шета, комуницира.
Благодарност до Ристе и уште многу вакви успеси!