Здружението на граѓани ПРЕПОРОД НА ЖИВОТОТ, со седиште во Струга и со цел да се отворат повеќе органоци низ поголемите градови во Македонија. Здружението е основано од г-дин Ристе Чуркоски атласолог со намера луѓето на леснен и едноставен начин да се излечат од болести и здравствени потешкотии. Меѓународното име на мисијата Препород е HumanUP оздравување на човекот и подигнување на човештвото.
Проф. др Рајнер Зајбел, еден од водечките експерти за 'рбетот на планетата, во својата морфолошка студија Нашата глава е исчашена (2010) докажува дека првиот пршлен под черепот, атласот е изместен кај најголем дел од популацијата во светот. Повеќе од 100 години пред него, основачот на модерната киропрактика Даниел Палмер забележал дека поместениот атлас од неговата прецизна анатомска позиција ги предизвикува речиси сите болести и тешкотии, но тој не пронашол начин првиот пршлен да го врати на место. Тој знаел дека така се постигнува подобра комуникација на мозокот со телото и подобра циркулација на крв, а со тоа и подобра регенерација на целиот организам, но не знаел како да ја помести рамната коска под черепот. Сто години подоцна Швајцарецот Рене Шимперли сватил дека атласот не треба да се допре, доволно е со масажа да се релаксираат лигаментите на задиот дел, па атласот и черепот ќе се склопат како што треба и ќе го ослободат притисокот на нервите, крвните и лимфните патишта.
г-дин. Рене Шимперли е творецот на методата Атласпрофилах а господинот Предраг Ѓорѓевиќ ја доусовршил истата метода и ја патентирал методата Препород (HumanUP).
Името Препород (HumanUP) методата го добила затоа што многу од луѓето кои биле на третман после извесен период кажале дека се чувствуваат како препородени.
Што кажаа нашите клиенти после
местењето на нивниот атлас